Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не се согласи со тврдењата дека неговиот тим ја загубил контролата врз натпреварот против Челси во завршницата и дека токму тоа довело до израмнување на резултатот. Средбата заврши 1-1 по доцниот гол на гостите, дело на Енцо Фернандез, но Пеп го пофали својот тим за прикажаната игра во текот на целиот натпревар.
„Не се согласувам дека ја загубивме контролата. Тие постигнаа гол и затоа го анализирате резултатот. Се разбира, го кренаа интензитетот, беа поагресивни во пресингот и имаа шанси, бидејќи ние загубивме две топки на почетокот од второто полувреме. Но, ако сметате дека тие го свртеа текот на натпреварот – во ред. Можеби вие знаете подобро“, започна Гвардиола.
„Челси е екипа од светска класа. Таму не играат младинци, туку фудбалери од највисок ранг. Затоа е исклучително тешко да имаш целосна контрола 90 минути против таков тим. Во второто полувреме пропуштивме шанси – четири или пет ситуации двајца на еден или тројца на двајца. Нашите талентирани играчи се обидоа да го решат натпреварот, но не успеавме“, додаде Шпанецот.
„Таква е реалноста. Кога зборувате за сите статистики во сите аспекти што можеме да ги анализираме, една од нив е колку сте ефикасни во последната третина од теренот. Но, генерално, начинот на кој се браневме, како трчавме и како игравме беше исклучителен“, истакна тој.
Во врска со заостанувањето од шест бода зад лидерот Арсенал, Гвардиола изјави:
„Ќе ни се вратат неколку играчи и ќе видиме што ќе се случи во среда.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













