Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола не е заинтересиран да биде селектор на репрезентацијата на Бразил. Тој добил понуда по завршувањето на Светското првенство во Катар да ја преземе селекцијата на „кариоките“, а годишно би заработувал по 12 милиони евра.
Сепак, Гвардиола умешно одговори дека не е премногу заинтересиран.
„Бразил има многу добри домашни тренери кои ќе ја водат репрезентацијата… Има многу добри бразилски тренери. Крај на дебатата“, изјави Гвардиола.
Сити и Пеп го продолжија договорот во ноември 2020 година и ќе трае до 2023 година.
Досегашниот селектор Тито најави заминување по мундијалот, па Бразилците веќе работат на неговиот наследник. Гвардиола никогаш во кариерата не водел репрезентација, а Бразил во својата историја никогаш немал странец на клупата. Гвардиола досега ги водеше Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













