Connect with us

Гвардиола: Мора итно да ја промениме ситуацијата против Вулверхемптон и Галатасарај

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, призна дека неговиот тим одиграл слабо на гостувањето кај Бодo/Глимт во Лигата на шампионите и дека поразот од 1-3 е целосно заслужен.

„Јасно е дека загубивме. Знам колку добар е противникот – минатата сезона играа полуфинале во Лига Европа и тоа ни е уште свежо во сеќавањето. Имавме одредени отсуства, важни фудбалери не можеа да ни дадат стабилност“, изјави шпанскиот стручњак.

„Многу играчи мора да ја подобрат својата игра, судејќи според начинот на кој се бореа кога бевме 10 на 11. Итно мора да ја промениме ситуацијата на натпреварите со Вулверхемптон и Галатасарај. Го очекуваме враќањето на некои фудбалери“, продолжи Пеп.

Манчестер Сити ја повтори лошата игра од дербито со Манчестер Јунајтед и потфрли и во Норвешка, а Бодо/Глимт оствари историски успех.

„Не се согласувам дека играчите дејствуваа расеано. Ги немавме на располагање ниту Доку, ниту Савињо, ниту други типични крилни фудбалери. Имавме отсуства и во другите линии, но немав чувство дека тимот мисловно бил на друго место“, нагласи Гвардиола.

„Бодо/Глимт е добро организиран тим, те турка кон крилата, а ние немавме фудбалери способни да го минат противникот еден на еден и да создаваат шанси. Генерално, противникот е навистина добар – моите честитки одат за нив“, заврши менаџерот на Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови