Пеп Гвардиола очигледно сака да му покаже и на Микел Артета и на цела Англија дека не чувствува ниту најмал притисок во трката за титулата.
Сити синоќа на „Етихад“ го совлада Њукасл со 2-1 и му се доближи на Арсенал на само два бода разлика, во пресрет на дербито на Северен Лондон, со тоа што „граѓаните“ од четврток имаат и натпревар помалку.
Гвардиола беше видно расположен по победата и на прес-конференцијата откри дека на фудбалерите им дал три слободни денови.
„Им кажав сè – да земат што им е потребно, ако треба и многу коктели во наредните денови. Да уживаат во животот. А потоа да одработиме три квалитетни тренинзи и да одиме во Лидс. Тоа е единствениот пат по кој сакам да одиме сега, како и секогаш. Ако размислуваме што прават Арсенал и Астон Вила, ќе добиеме шлакианица в лице и секогаш ќе се случи спротивното од она што го посакуваш“, изјави Гвардиола.
На прашањето за дербито меѓу Тотенхем и Арсенал и продолжението на трката за титулата, Пеп повторно беше категоричен.
„Одам на мини-одмор и не знам дали ќе го гледам дербито, не знам ни дали ќе имам можност. Нема ни да бидам тука. Искрено, верувам дека ќе се случат многу работи до крајот. Имам чувство дека нема да ги добиеме сите натпревари, а не знам ни дали Арсенал ќе успее. Знам само дека во преостанатите пет меча на нашиот стадион сакам да ја имаме оваа поврзаност со навивачите, затоа што тоа е вибрацијата што ни е потребна за да победиме на сите“, нагласи Пеп.
Сити сега одмора цела седмица, а потоа во сабота од 18:30 му гостува на Лидс, додека веќе наредната среда, на 4 март, го пречекува Нотингем Форест.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













