Фудбалерите на Манчестер Сити водат голема битка со Арсенал за шампионската титула во Премиер – лигата.
Иако долго време изгледаше дека токму Арсенал ќе направи кикс, сепак Манчестер Сити пред неколку кола се сопна на гостувањето кај Евертон.
Арсенал го искористи тоа и повторно се искачи на врвот на табелата, па на две кола до крајот на сезоната сè уште има сè во свои раце.
„Топчиите“ викендов на домашен терен ќе играат против Барнли, а победа би ги доближила на чекор до исполнување на сонот.
Се очекува Арсенал релативно лесно да дојде до три бода, додека Манчестер Сити го очекува многу потежок предизвик на гостувањето кај Борнмут.
Доколку и двете екипи победат, тогаш шампионската трка ќе се решава во последното коло, кога Арсенал ќе гостува кај Кристал Палас, а Манчестер Сити дома ќе ја пречека Астон Вила.
Неколку дена пред натпреварот со Борнмут се појавија големи вести поврзани со кариерата на Пеп Гвардиола.
Според информациите од Италија, Пеп Гвардиола на крајот од сезоната ќе го напушти Манчестер Сити, а веќе е познато и кој би можел да го наследи.
Станува збор за неговиот ученик Енцо Мареска, кој претходно работеше во Челси, а на почетокот од годината си замина од клубот.
Пред неколку дена Мареска разговарал со челниците на Наполи, но негов приоритет е преземањето на Манчестер Сити.
„Бев во Англија седум или осум години и таму сум многу среќен, но кога сте тренер мора да бидете подготвени за различни ситуации. Не знам што ќе се случи, ќе видиме каде ќе завршам. Добро ми е дома, но не за долго“, изјави Мареска пред неколку дена.
Според актуелните информации, токму тој од лето би можел да стане нов тренер на Манчестер Сити.
Доколку се врати на „Етихад“, овојпат во поинаква улога, ќе има исклучително тешка задача – да постигне уште повеќе од она што го направи Пеп Гвардиола.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер се договори со голманот на Лацио
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













