Connect with us

Гвардиол ќе паузира пет месеци, Манчестер Сити тргнува по Марк Гехи

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол се соочува со сериозна повреда на скочниот зглоб и фрактура на тибијата, која ќе го оддалечи од терените најмалку четири до пет месеци. Според информациите, дефанзивецот ќе мора да оди на оперативен зафат, што сериозно го доведува во прашање неговиот настап на претстојното Светско првенство, кое започнува за нешто повеќе од пет месеци.

Ова се исклучително лоши вести за хрватската репрезентација, бидејќи Гвардиол веќе подолго време е еден од клучните играчи во тимот на селекторот Златко Далиќ. Доколку не успее навреме да се опорави, Далиќ ќе остане без важна опција и на позицијата лев бек и како централен дефанзивец.

Гвардиол се повреди на почетокот од второто полувреме на вчерашниот натпревар меѓу Манчестер Сити и Челси, одигран во Манчестер. Хрватот го напушти теренот во 51. минута, по подолга пауза и очигледни болки, а за да стигне до клупата му беше потребна помош од физиотерапевтите и од противничкиот фудбалер Рис Џејмс.

Станува збор за фрактура на тибијата повреда на десниот скочен зглоб, а проблемите за Сити не застанаа тука – во 81. минута поради повреда играта ја напушти и Рубен Дијаш. Натпреварот заврши без победник (1-1), а по средбата Пеп Гвардиола изјави дека „Гвардиол не изгледа добро“.

Манчестер Сити објави официјално соопштение и ја потврди тежината на повредата, а англиските медиуми пренесуваат дека клубот веќе започнал преговори со Кристал Палас за ангажман на стоперот Марк Гехи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови