Connect with us

Гундоган се договорил да остане во Манчестер Сити уште една сезона

Капитенот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, е многу блиску до потпишување на нов договор со клубот, тврдат медиумите на Островот. По финалето на ФА Купот во кое триумфираа „граѓаните“, Гундоган повтори дека ќе почека до крајот на сезоната за да донесе одлука за својата иднина. 32-годишниот играч од средниот ред постигна два гола за Сити во триумфот над Манчестер Јунајтед со 2-1 во финалето на купот.


Поради претстојното финале во Лигата на шампионите меѓу гигантот од Манчестер и италијанскиот Интер на 10 јуни во Истанбул, Илкај Гундоган најверојатно ќе ја одложи својата одлука најмалку една недела.

Манчестер Сити сака да го продолжи договорот со еден од своите клучни играчи и според англиските медиуми, тој ја прифатил понудата на менаџерот Пеп Гвардиола за уште една сезона на „Итихад“.

Сериозен интерес за потписот на Гундоган покажува и Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови