Connect with us

Гундоган ја нападна одбраната на Германија за елиминацијата од СП

Германскиот репрезентативец Илкај Гундоган ги нападна играчите од одбраната по елиминацијата од Светското првенство во Катар. Според него, Германија премногу лесно прима голови и тоа на крајот е пресуден фактор за резултатите.


„Прелесно примаме голови, многу лесно ја губиме топката во средината и исто толку лесно пропуштаме шанси за гол. Секако дека сме Германија и мораме да имаме големи аспирации на турнирите. Затоа е добро да се погледнеме во очи. За мене на овој Мундијал едноставно не го дадовме максимумот како тим и веројатно и индивидуално. Треба да се запрашаме кои се причините, секој од нас да се погледне во огледало и да признае дека тоа не беше доволно“, прокоментира Гундоган.


Германците освоија четири бода, исто колку и Шпанија, но отпаднаа поради послаба гол-разлика. Првото место во групата и припадна на Јапонија, која ги победи и Германците и Шпанците.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови