Connect with us

Гундоган и Де Бруин му донесоа полуфинале на Сити во ФА купот (ВИДЕО)

Манчестер Сити ја продолжува мисијата за освојување на четири трофеи оваа сезона. Тимот на Пеп Гвардиола се пласираше во полуфиналето на ФА купот на Англија откако го совлада Евертон со 0-2 на „Гудисон парк“.

„Граѓаните“ дојдоа до триумф во финишот од средбата. Илкај Гундоган во 84.минута ја затресе мрежата на Евертон, а Кевин де Бруин во 90.минута ја потврди победата на Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови