Connect with us

Гундоган го убедува Бернардо Силва да дојде во Галатасарај

Галатасарај отвори преговори за да се обиде да го доведе Бернардо Силва (31), на кого договорот со Манчестер Сити му истекува во јули. Во оваа зделка важна улога има Илкај Гундоган, бидејќи тој е еден од најдобрите пријатели на Португалецот и негов поранешен соиграч во Сити.


Гундоган разговарал со Бернардо Силва и му го претставил турскиот клуб во многу позитивно светло, откриваат турските медиуми.


Бернардо Силва е легенда на Сити, со кој од 2017 година освои 18 трофеи. Сепак, на крајот на сезоната ќе го напушти „Етихад“ и ќе побара нов предизвик.


За Португалецот се заинтересирани Барселона и Јувентус, но Галатасарај има голема финансиска моќ и може да го убеди Бернардо Силва да се пресели во Истанбул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови