Фудбалерите на Кит Го ремизираа (1-1) во дерби пресметката со Тиквеш во 16. коло од Втората лига – Исток, во натпревар во кој може да се жали и за пропуштените три бода поради примениот погодок во самиот финиш од средбата.
Шефот на стручниот штаб Емил Грнев е горд на своите фудбалери од начинот на кој го одиграа натпреварот.
„Горд сум на нашите фудбалери кои го оставија срцето на теренот. Ако се погледне се на натпреварот, заслуживме и победа но примивме помалку наивен гол поради пад на концентрацијата во одбраната во финишот“ – вели Грнев во изјава за официјалната интернет-страница на клубот.
Од таборот на ФК Тиквеш се одлучија на прозивка поради наводно нерегуларниот погодок на Кит Го. Но, сите видео материјали јасно посочуваат за регуларноста на голот и оправдано донесената одлука на главниот судија. Грнев вели дека не сака да го коментира судењето, иако не се коректни прозивките од редовите на кавадарчани.
„Ако зборуваме за судењето тогаш и ние би можеле да реагираме за многу крвнички стартови од противничките фудбалери кои останаа без никаква санкции, а беа за црвени картони. Но, никогаш не сум сакал, и сега нема да го коментирам судењето затоа што си има надлежни кои ќе ја оценат нивната работа“ – вели Грнев, и дополнува:
„Сите многу добро знаат во македонскиот фудбал дека Кит Го е културна екипа која игра чесно секогаш и секаде, затоа што нас не води единствено љубовта кон фудбалската игра. За нас единствената цел е секој натпревар да биде фер и коректен, без разлика кој ќе победи на крајот. Едноставно, сакаме да уживаме во фудбалската игра. Така ќе биде секогаш“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski