Францускиот ас Антоан Гризман сè уште не ја прифатил понудата за нов договор од Атлетико Мадрид, и покрај извештаите на шпанските медиуми дека се согласил на намалени услови за да остане во клубот.
Ова го потврди неговиот агент Севан Каријан, кој истакна дека Гризман е изненаден од лажните информации што се појавија во јавноста.
„Антоан е многу изненаден од информациите што ги објавија шпанските весници. Тој сè уште ја разгледува понудата и не донел конечна одлука“, изјави Каријан.
Атлетико му понудил нов двегодишен договор, но со намалување на платата за дури 50%, што е главната пречка за постигнување договор. Иако Гризман има силна врска со клубот и навивачите, тој не сака целосно да се откаже од финансиските услови и бара нова рунда преговори.
Интерес за 33-годишниот напаѓач веќе подолго време покажува и ФК Лос Анџелес од МЛС лигата, каде настапува и Оливие Жиру, но Гризман засега му дава приоритет на Атлетико Мадрид.
Сепак, ако не дојде до договор, опцијата за преселба во САД останува на маса.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













