Наполи ова лето ќе се обиде да донесе уште едно офанзивно засилување на крилните позиции, а според најновите информации од Италија, на списокот на потенцијални засилувања се наоѓаат Џек Грилиш и Федерико Киеза.
Грилиш веќе не тренира со Манчестер Сити и се очекува наскоро да го напушти „Етихад“. Клубот за неговите услуги бара околу 40 милиони евра. Наполи го гледа како можен нов член на тимот, слично како и Кевин де Бројне, кој веќе е поврзан со трансфер таму. Сепак, за Грилиш интерес покажуваат и Вест Хем и Астон Вила.
Другата алтернатива за Наполи е Федерико Киеза, иако моментално е поблиску до преселба во Аталанта, која веќе е во напредни преговори со Ливерпул и со самиот играч.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













