Гранит Џака го напушта Баер Леверкузен и кариерата ја продолжува во Сандерленд.
Според информациите, швајцарскиот репрезентативец ќе потпише договор до летото 2027 година, а германскиот клуб ќе инкасира 20 милиони евра обештетување.
Џака веќе добил дозвола да отпатува на северот на Англија, каде ќе ги заврши задолжителните медицински прегледи и ќе стави потпис на договорот.
Тој веќе има богато искуство во Премиер лигата, настапуваше за Арсенал, каде ја носеше и капитенската лента, пред да се пресели во Баер Леверкузен пред две години.
Нема сомнеж дека Џака може да биде едно од клучните засилувања за Сандерленд во борбата за опстанок во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













