Манчестер Сити веќе започнал преговори со Лил за трансфер на Ајуб Буади, пренесуваат британските медиуми. Младиот играч за врска веќе ја изразил својата желба да се пресели на „Етихад“ и да го облече дресот на „граѓаните“.
Разговорите меѓу двата клуба сè уште се во неофицијална фаза, а англискиот гигант ги разгледува различните можности и условите за евентуална реализација на трансферот. Според некои извори, Лил за својот фудбалер поставил цена од околу 80 милиони евра.
Во Манчестер Сити биле дополнително поттикнати да реагираат по последните информации за сериозниот интерес на Реал Мадрид за Родри и желбата на шпанскиот репрезентативец повторно да се врати во престолнината.
Ајуб Буади минатата сезона одигра 42 натпревари и остави одличен впечаток во улогата на дефанзивен играч за врска, иако има само 18 години. Тој беше дел и од репрезентацијата на Мароко на Светското првенство, каде што стартуваше на пет натпревари и го истисна од составот искусниот Софијан Амрабат.
Во Манчестер Сити се обидуваат да направат освежување на тимот по заминувањето на Пеп Гвардиола и важен фудбалер како Бернардо Силва. „Граѓаните“ веќе потрошија 135 милиони евра за трансферот на Елиот Андерсон, а Буади е следното големо име на нивната листа.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













