Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, го објави неговиот стручен штаб, кој ќе му помага во работата со националниот тим.
Во стручниот тим како асистенти на Седлоски ќе работат Борче Христов – шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш и директор на Центар за едукација, Ерхан Селими – досегашен селектор на Македонија до 19 години, како и Зоран Бошковски – Чоко, наш легендарен голгетер и стрелец на првиот гол во историјата на македонската репрезентација. Дел од стручниот штаб ќе биде и поранешниот репрезентативен дефанзивец Ванче Шиков, кој зад себе има 58 настапи за Македонија, додека за тренер на голмани е именуван Гого Јовчев.

Како видео-аналитичар на А репрезентацијата е ангажиран Мартин Христов, а селекторот Гоце Седлоски дополнително ќе го соопшти името на кондицискиот тренер кој ќе му се приклучи на стручниот тим.




Со овој состав, Седлоски гради стручен штаб составен од докажани професионалци, со јасна цел, стабилност, континуитет и натамошен напредок на македонската репрезентација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













