На натпреварот кој се одигра на 19 април 2025 година помеѓу екипите на Струга Трим Љум и КФ Гостивар, беше направена сериозна судиска грешка од страна на главниот судија на натпреварот, Фуркан Идризи. Оваа грешка директно влијаеше врз конечниот резултат од натпреварот, објави ФК Гостивар.
Спорната ситуација се однесува на момент кога Гостивар имаше топка за изведување аут. Сепак, како што истакнува ФК Гостивар, судијата неправедно ја додели топката на противничкиот тим — Струга Трим Љум, со образложение дека играчот на Гостивар, Дарко Глишиќ, ја одолговлекувал играта.
Согласно со Правилата на игра донесени од Меѓународниот фудбалски одбор (IFAB), максималната казна за одолговлекување е жолт картон за играчот. Под никакви околности топката не смее да му биде доделена на противничкиот тим поради вакво прекршување. Оваа одлука претставува јасно прекршување на правилата, истакнува ФК Гостивар.
Како директна последица од оваа погрешна одлука, Струга Трим Љум постигна гол 18 секунди по изведениот аут. За време на целата акција што доведе до голот, Гостивар ниту еднаш не ја допре ниту ја попречи топката, што докажува дека голот е резултат исклучиво на судиска грешка во спроведувањето на правилата, велат од клубот.
Гостивар веќе има поднесено официјална жалба до Фудбалската федерација на Македонија поради оваа ситуација. Очекуваме одговор и понатамошни информации. Ќе објавиме нови информации веднаш штом ги добиеме“, се вели во соопштението на Гостивар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус шокиран на Сардинија (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Евро-фудбал
Шоу на Дембеле, ПСЖ убедлив против Лил (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Баерн за едно полувреме го растури Лајпциг
Прва лига
Сухел Мухареми го засили Работнички













