Connect with us

Ѓорѓиевски: Заслужена победа против Скопје, сега се фокусираме на дербито со Шкендија

Шкупи успеа да ја освои Автокоманда славејќи со 1-3 против Скопје и се зацврсти на првото место на табелата. На следниот меч в среда против Шкендија на Чаир може и официјално да ја прослави есенската титула.

Двоен стрелец беше Фреди Алварез, а погоди и Фаустин Сенгор. Во последните мигови од мечот Марко Ѓорѓиевски, кој влезе во 69.минута, изнуди удар од белата точка што успешно го реализираше Алварез.

„Ова е важна победа за нас. Првиот гол го постигнавме брзо, а потоа по грешка примивме погодок од Скопје пред крајот на полувремето. Сепак, во вториот дел бевме многу подобри, игравме побрзо и бевме посмирени. Апсолутно заслужено ги освоивме бодовите. Сега се фокусираме и размислуваме за натпреварот в среда против Шкендија, каде ја очекуваме и поддршка од нашите навивачи“, изјави Марко Ѓорѓиевски по мечот со Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови