Фудбалерот на Вождовац, Марко Ѓоргиевски, е единствениот дебитант што е повикан од селекторот на младинската репрезентација, Благоја Милевски, за претстојниот двомеч од квалификациите против селекциите на Црна Гора и на Казахстан. Македонија во премиерниот меч славеше со 7-1 над Фарски Острови, поради што селекторот Милевски се реши да не експериментира со составот, шанса да им даде на истите играчи кои се прикажаа во одлично светло на тој меч, а Ѓоргиевски ќе има можност преку тренинзите да се наметне за место во тимот.
Милевски потенцира дека убедливата победа мора да биде што поскоро заборавена бидејќи допрва ќе претстојат најтешките предизвици на нашите млади фудбалери во овој квалификациски циклус.
“По овие два натпревари со Црна Гора и Казахстан ќе имаме многу појасна слика и за нашите шанси и можности во квалификациската група. Нашата цел е да бидеме конкурентни и да се надеваме на пласман на ЕП. Но, одиме натпревар по натпревар, размислуваме сега за Црна Гора, а потоа и за Казахстан. Се надевам дека сите повикани фудбалери ќе пристигнат здрави и подготвени за настап“ – изјави селекторот Милевски на денешната прес-конференција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













