Ѓорѓи Мојсов и официјално ја започна својата интернационална тренерска кариера. Доскорешниот стратег на Тиквеш е промовиран за нов шеф на стручниот штаб на српскиот суперлигаш Земун.
За Мојсов ова ќе биде прв тренерски предизвик надвор од Македонија. Кавадарчанецот во минатото беше и асистент во стручниот штаб на Тиквеш, а како прв тренер успеа да го одведе клубот до трофејот во Купот на Македонија.
Новиот тренер на Земун, сепак, има искуство со српскиот фудбал и како играч. Мојсов шест месеци го носеше дресот на Металац, а во кариерата настапуваше и за Ѓер, Отелул Галати и Жетису.
Во Македонија играше за Тиквеш, Вардар, Работнички, Пелистер, Хоризонт Турново и Силекс, а професионалната кариера ја заврши во 2021 година како фудбалер на Тиквеш.
Пред Мојсов сега е исклучително тешка задача. Земун се наоѓа во незавидна ситуација, па македонскиот стратег ќе има задача да обезбеди опстанок во највисокиот ранг на српскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













