Connect with us

Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун

Поранешниот тренер на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов, има нов ангажман и кариерата ќе ја продолжи во Србија. Македонскиот стратег седнува на клупата на суперлигашот Земун, кој конечно го реши прашањето околу новиот шеф на стручниот штаб.

Според информациите на српскиот „Меридиан спорт“, Мојсов е изборот на раководството на Земун и на клупата ќе го наследи Милан Куљиќ.

41-годишниот Мојсов во Земун пристигнува со солидно тренерско искуство стекнато во македонскиот фудбал. Најголемиот дел од досегашната кариера го помина во Тиквеш, каде што беше дел од стручниот штаб уште од јули 2021 година.

Пред Мојсов е нов и исклучително тежок предизвик. Земун се наоѓа во борба за опстанок во српската елита, а македонскиот тренер ќе има задача да го стабилизира тимот и да го насочи кон остварување на примарната цел – обезбедување суперлигашки статус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови