Connect with us

Ѓорге Стојчев нов шеф на стручниот штаб на АП Брера Струмица

Македонскиот второлигаш Брера Струмица го назначи Ѓорге Стојчев за нов шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим.


Стојчев е добро познато име во клубот. Покрај тоа што во минатото успешно ја предводеше Брера до вицешампион и на европските натпревари, зад себе има и извонредна сезона со младинскиот тим. Во сезоната 2025/26, под негово водство, младинците на АП Брера Струмица ја освоија двојната круна, триумфирајќи во Младинската лига и во Купот на Македонија, што претставува уште една потврда за неговата успешна работа и посветеност во развојот на младите фудбалери.


Подготовките за новата сезона ќе започнат на 13 јули, кога е закажан првиот тренинг на тимот. Во текот на подготовките, планирано е екипата да одигра пет пријателски натпревари, преку кои стручниот штаб ќе ја темпира формата и ќе го воигра составот пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови