Ново коло, нова тренерска „жртва“. Младиот стратег Ѓорѓе Стојчев заминува од кормилото на Академија Пандев. Откако во минатото коло загуби дома од Скопје (1-2), а ова одигра само реми (1-1) на гости кај Борец, тој одлучи да понесе одговорност.
„Благодарност до Горан Пандев, до ФК Академија Пандев. Со срце и душа работев од создавањето на клубот, па се до денес. После двата последни резултати одговорноста ја преземам јас како тренер. Посакувам на клубот и играчите, во иднина исполнување на зацртаната цел и се надевам дека Академија Пандев ќе игра во европските натпреварувања“, истакна Ѓорѓе Стојчев.
Тој застана на кормилото на полусезоната, откако Александар Васоски замина во редовите на Сараево.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













