Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев оваа седмица доби италијанско државјанство, а викендов се очекува да добие и „подарок“ од тренерот Чезаре Прандели – првотимски статус на следниот меч против Фросиноне. Македонецот влегуваше од клупата за резерви на последните средби, но се очекува викендов да се појави меѓу првите единаесетмина на Џенова, што воедно ќе претставува и негов јубилеен – меч број 400 во „Серија А“.
„Да бидам искрен, бев возбуден што добивам италијанско државјанство. Долги години сум во оваа земја, живеам со моето семејство и чувството беше прекрасно. Исто така, мило ми е што стигнувам до бројката од 400 натпревари во елитното италијанско фудбалско друштво“ – истакнува Пандев.
Џенова се наоѓа во серија од пет натпревари без пораз во Калчо-лигата.
„Многу е важно таа серија да продолжи, да победиме против Џенова и уште повеќе да се зацврстиме во сигурната зона, да си го осигураме опстанокот што поскоро. Нема да ни биде лесно, но играме добро во последно време и посакувам да продолжиме во ист ритам и против Фросиноне“ – оптимист е Горан Пандев.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski