Connect with us

Гонзало Гарсија потпиша за Фулам, а Реал задржа 30% од правата над напаѓачот

Реал Мадрид и Фулам официјално го потврдија трансферот на младиот напаѓач Гонзало Гарсија, кој кариерата ќе ја продолжи во Премиер – лигата.

Лондонскиот клуб ќе плати околу 40 милиони евра за 70 проценти од правата на шпанскиот напаѓач, кој потпиша договор до 2031 година.

Гарсија го напушта „Сантијаго Бернабеу“ со 13 постигнати голови во првиот тим на Реал Мадрид, клуб во кој ги мина сите младински категории.

Неговиот трансфер во Фулам е реализиран по барање на Алваро Арбелоа, неговиот поранешен тренер во Реал Мадрид, кој пред околу еден месец седна на клупата на лондонскиот премиерлигаш.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови