Connect with us

Гонсало Рамош доаѓа на „Енфилд“ како замена за повредениот Александер Исак

Тешката повреда на најскапото засилување во историјата на Ливерпул, Александер Исак, и неговата пауза од неколку месеци значи дека актуелниот шампион на Англија речиси сигурно ќе тргне по засилување на напаѓачката позиција во јануарскиот преоден рок.

Прво име што се споменува во англиските медиуми e Гонзало Рамош од Пари Сен Жермен.

Португалецот не е стандарден стартер кај Луис Енрике, а прашање е дали тоа би бил и во Ливерпул, но неговата желба е да игра што е можно повеќе за да избори место во репрезентацијата на Португалија за Светското првенство.

Наводно, Ливерпул би го донел Рамош без опција или обврска за откуп на крајот од сезоната – тој би добил минути, Ливерпул би добил решение до опоравувањето на Исак, ПСЖ би се ослободил од незадоволен играч, па можеби ова би била најдобрата опција за сите.

Во игра е и српскиот интернационалец Душан Влаховиќ, но проблемот кај него е тоа што поради повреда ќе отсуствува до март, а на Ливерпул му е потребен фудбалер кој, поради згуснатиот распоред, ќе може веднаш да му биде на располагање на менаџерот Арне Слот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови