Connect with us

Голманот на ПСЖ одбрани четири пенали со скршена рака!

Рускиот голман Матвеј Сафонов се истакна како херој на ПСЖ во финалето на Интерконтиненталниот куп, откако одбрани четири пенали против Фламенго во серијата од 11 метри која ја одреди победата.

За време на таа серија, Сафонов си ја скршил раката, но сепак продолжил да брани и покрај повредата, успешно бранејќи ги ударите од бразилските фудбалери.

Неколку дена по натпреварот, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, ја сподели оваа неверојатна ситуација.

„Не можам да објаснам како се случи. Неверојатно е, и самиот тој не знае точно како се повреди. Веруваме дека беше при третиот пенал кога направи необично движење. Имаше скршеница, но со адреналинот што го имаше, ја заврши целата серија на пенали“, изјави Луис Енрике.

„Верувам дека ова е првпат мојот голман да одбрани четири пенали во една серија. Многу сме среќни што го освоивме трофејот и сметам дека го заслуживме“, додаде тој.

Сафонов полека го освојува првото место во тимот, наспроти Лукас Шевалие кој беше донесен како прв голман, но скршеницата на раката може да го отежне неговиот напредок. Сè уште не е познато колку време ќе мора да паузира.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови