Connect with us

Голгетерското чудо на Ајакс – Себастијан Халер: Прв играч кој даде гол на сите мечеви во ЛШ во својата прва сезона

Напаѓачот на Ајакс, Себастијан Халер, влезе во историјата како прв фудбалер кој постигнал голови на сите шест натпревари од групната фаза во својата прва сезона од Лигата на шампионите. Тој го израмни достигнувањето на Кристијано Роналдо за голови на сите шест меча во групата, а исто така им се придружи на Роналдо (11 гола во сезоната 2015-16 со Реал Мадрид), Лионел Меси (10 гола со Барселона во сезоната 2016-17) и Роберт Левандовски (10 гола во сезоната 2019-2020 со Баерн Минхен) како фудбалери кои постигнале десет или повеќе гола во групната фаза од ЛШ.


Полскиот интернационалец Роберт Левандовски има девет гола оваа сезона и уште еднаш ќе се приклучи на одбраното друштво доколку утре постигне гол против Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови