Connect with us

Големо засилување: Егзон Белица се врати во Работнички

Поранешниот капитен Егзон Белица се врати во Работнички и ќе настапува за клубот од Дебар Маало во вториот дел од сезоната. Искусниот дефанзивец ги предводеше „романтичарите“ до излез на европска сцена минатата сезона, а потоа се пресели во редовите на актуелниот шампион Шкендија.

По шест месеци во Тетово, Егзон Белица откако се раздели со Шкендија одлучи повторно да го облече дресот на Работнички и да му помогне на тимот во обидот да обезбеди опстанок во елитата.

Егзон Белица денеска го одработи и првиот тренинг со составот на Муарем Муарем.

Работнички по првиот дел од сезоната се наоѓа на претпоследната позиција со седум освоени бода и го очекува тешка битка за опстанок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови