Connect with us

Големо достигнување: Ивана Пројковска единствена Европејка која ќе суди на Копа Америка

Македонија со претставник на голема сцена – нашата интернационална судијка Ивана Пројковска ќе биде единствената Европејка што ќе ја дели правдата на претстојната Копа Америка за жени.

Фудбалската асоцијација на Јужна Америка ѝ ја довери улогата на главен судија на престижниот турнир што ќе се одржи од 12 јули до 2 август во Еквадор.

Пројковска ќе соработува со уште десет судијки од континентот-домаќин, а покрај неа, на теренот ќе бидат и Џулија Гемпестили и Ирагарце Фернандез како нејзини помошнички.

Овој избор претставува големо признание за Ивана Пројковска на меѓународната сцена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови