Connect with us

Големи промени во Валенсија: Столе Димитриевски ќе добие нов тренер и нови директори

Валенсија влегува во нова ера со голем број промени во клубот. „Лилјаците“ направија комплетен рез во спортскиот сектор, па македонскиот голман Столе Димитриевски ќе има нов тренер, но и ново раководство.

Клубот од „Месталја“ објави дека Рон Гурлеј повеќе не е извршен директор, а заедно со него заминуваат и Лисандро Исеи, Ханс Гилхаус, Андрес Замора и Малек Шафеи, кои беа дел од неговиот тим.

Одлуката е донесена со намера да се постават нови темели во спортската и управувачката структура на фудбалскиот сектор. Валенсија му се заблагодари на Гурлеј за ангажманот и придонесот во периодот поминат во клубот.

Следуваше уште една голема одлука – клубот ја прекина соработката и со тренерот Карлос Корберан.

Шпанскиот стратег ја презеде Валенсија во декември 2024 година, во период кога клубот се соочуваше со сериозни проблеми. Под негово водство екипата успеа да се стабилизира, а Корберан на клупата на „лилјаците“ запиша 72 официјални натпревари.

До именувањето на новиот тренер, првиот тим ќе го води Оскар Санчес, кој досега беше задолжен за вториот тим на Валенсија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови