Односите меѓу ФИФА и УЕФА се најдоа во една од најголемите кризи во последните години, откако се појавија информации дека европските фудбалски федерации се подготвени да преземат радикални мерки.
Според британскиот „Тајмс“, сите членки на УЕФА едногласно ја поддржале можноста за бојкот на Светското првенство доколку ФИФА продолжи со планот за продажба на удели поврзани со најголемиот фудбалски настан во светот.
Овој став бил усвоен на итен онлајн состанок на европските федерации, свикан по последните иницијативи на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Најголем проблем за УЕФА претставува идејата на Инфантино дел од комерцијалните права и уделите поврзани со Светското првенство да бидат понудени на приватни инвеститори. Според ФИФА, таквиот потег би обезбедил нови значајни финансиски приходи, но европските федерации стравуваат од губење на влијанието и контролата врз најважниот фудбалски проект.
Иако конечна одлука за бојкот сè уште нема, единствениот став на членките на УЕФА испраќа силна порака до светската фудбалска централа.
Предлогот на Инфантино уште од самиот почеток предизвика поделени реакции во фудбалскиот свет, а сега спорот меѓу двете организации достигна ниво на кое за првпат сериозно се разгледува можноста за бојкот на Светското првенство.
Следниот период ќе биде клучен за тоа дали ФИФА ќе направи компромис и ќе го промени планот или конфликтот меѓу Цирих и европските федерации ќе продолжи да се продлабочува.
Доколку дојде до ескалација, тоа би можело да предизвика најголема институционална криза во светскиот фудбал во последните децении.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













