УЕФА објави дека сомалискиот судија Омар Артан, на кого му беше оневозможено учество на Светското првенство поради имиграциската политика на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе го суди натпреварот за Суперкупот на УЕФА меѓу ПСЖ и Астон Вила.
И покрај младата возраст, Артан веќе се етаблира како еден од најперспективните судии во светот. Тој се наоѓа на меѓународната листа на ФИФА од 2018 година, а меѓу најзначајните натпревари во неговата кариера е реваншот од финалето на африканската Лига на шампиони во сезоната 2025/26. Во 2025 година беше прогласен и за најдобар судија од страна на Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ).
Артан беше вклучен во листата на ФИФА за Светското првенство 2026, но не успеа да учествува на турнирот бидејќи не доби виза за влез во САД.
Неговото назначување за натпреварот за Суперкупот на УЕФА е дел од Меморандумот за разбирање меѓу УЕФА и ЦАФ, кој неодамна беше потпишан со цел продлабочување на соработката меѓу двете организации, вклучително и во областа на судењето.
Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, по тој повод изјави:
„Омар Артан е одличен млад судија со богато искуство, кој ги потврди своите квалитети на највисоко ниво во африканскиот клупски фудбал. Фудбалот ги обединува луѓето и со ова назначување УЕФА сака да покаже почит кон Омар и неговите исклучителни судиски способности. Му благодарам на мојот пријател и претседател на ЦАФ, Патрис Мотсепе, за поддршката на оваа иницијатива“.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













