Ливерпул и Бенфика одиграа 3-3 на „Енфилд Роуд“, а англискиот тим поради триумфот (1-3) на првиот меч во Лисабон обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. На „Ванда Метрополитано“ мечот заврши без голови, па Манчестер Сити е меѓу четирите најдобри поради минималната победа на „Итихад“ (1-0), заедно со Реал Мадрид и со Вилјареал.

Атлетико Мадрид овојпат нападна, не се бранеше цел меч, а во финишот избраниците на Диего Симеоне ги загубија и нервите, па црвен картон заработи Фелипе. Сепак, тимот на Пеп Гвардиола продолжува во следната рунда. Анхел Кореа имаше супер шанса во 102.минута, но Едерсон одбрани.
Ибрахима Конате го отвори резултатот за Ливерпул, а израмни Гонкало Рамос. Роберто Фирмино во второто полувреме беше двоен стрелец и донесе предност од 3-1, но Бенфика успеа да стигне до реми за утеха, со головите на Роман Јаремчук и на Дарвин Нуњез.
Во полуфиналните пресметки од ЛШ се среќаваат: Ливерпул – Вилјареал и Манчестер Сити – Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal













