Манчестер Сити славеше со 1-2 на „Енфилд“ против Ливерпул во дербито од 25. коло на Премиер – лигата. Имаше од сѐ по нешто, и фантастичен гол од слободен удар на Шобослаи, одлична одбрана на Донарума, но и пресврт режиран од Манчестер Сити за голем триумф и продолжување на потерата по лидерот Арсенал.
Ливерпул поведе во 74. минута со спектакуларен гол на Доминик Шобослаи од слободен удар, кој од околу 30 метри испрати вистинска „бомба“ во мрежата за ерупција на трибините. Иако Сити делуваше подобро во првото полувреме и создаде повеќе шанси, во вториот дел „црвените“ беа поконкретни и поопасни.
Сепак, финишот им припадна на гостите. Во 84. минута, по центаршут на Шерки и добра реакција на Халанд, Бернардо Силва од непосредна близина израмни на 1-1.
Кулминацијата дојде во 90. минута, кога Поусон повторно покажа на белата точка, а Ерлинг Халанд беше сигурен реализатор за комплетен пресврт и победа на „граѓаните“.
Во долгото судиско продолжение, кое траеше речиси 15 минути, имаше уште драма – по интервенција од ВАР, Шобослаи доби црвен картон по еден дуел со Халанд, што беше последниот чин на еден исклучително напнат и контроверзен натпревар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













