Пелистер со убедливи 4-1 го надигра Работнички во последниот натпревар од 17. коло во Првата фудбалска лига, а дуелот на стадионот „Петар Милошевски“ мина во знакот на Лука Булатовиќ. Играчот за врска блесна со хет-трик и беше апсолутен херој на битолчани.
Домашниот тим рано го наметна ритамот. Во 16. минута Ристовски испрати прецизен центаршут од десната страна, а Булатовиќ мајсторски реагираше за водство од 1-0. Само девет минути подоцна Пелистер беше на чекор до втор гол, но Попзлатанов со пожртвувана интервенција расчисти од самата гол-линија.
Сепак, вториот погодок пристигна во 33. минута. Булатовиќ продре по десната страна и се обиде да нафрли, но топката доби чудна траекторија и заврши зад грбот на Фабрис Ондоа за 2-0.
Работнички намали пред паузата. Во 37. минута по стартот на Ристовски над Бошнаков беше досуден пенал, а Бесир Демири сигурно реализираше за 2-1 и неизвесност пред второто полувреме.
Но, надежите на гостите траеја кратко. Веднаш по почетокот на вториот дел, Милан Србијанац нафрли од левата страна, а Булатовиќ со ефектен волеј во 48. минута го комплетираше својот хет-трик и повторно ја врати предноста од два гола.
Работнички се обиде да се врати во игра, а Џејсон Езеб имаше две одлични можности во финишот, но не успеа да ја погоди целта – ниту со глава, ниту со нога.
Во 83. минута, по ВАР-интервенција, судијата Јован Качевски му покажа црвен картон на Филип Петровиќ, оставајќи го Пелистер со играч помалку. Сепак, и тоа не ги сопре битолчани. Во судиското продолжение Вилдан Керим стави печат на триумфот, погодувајќи за конечни 4-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













