Connect with us

Ѓоко Хаџиевски имаше убедлив старт со Хаџер во Саудиска Арабија

Македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски на феноменален начин ја почна новата авантура во Саудиска Арабија. Неговиот тим Хаџер го стартуваше шампионатот со убедлив триумф (4-0) над Ал Колод.

Стрелци за головите за Хаџер беа Пардал, Ал Бохасан, Лазаро и Габриел.

Составот на Хаџиевски покажа доминација на стартот од шампионатот во Втората лига на Саудиска Арабија, а амбициите се големи, јуриш на пласман во елитата.

Во следното коло, на 13 септември, Хаџер ќе биде гостин на Оход.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови