Connect with us

Го сопре Ламин Јамал, и Барселона веднаш се заинтересира за дефанзивецот на Еспањол

Во соблекувалната на Барселона, по победата од 0-2 на гостувањето кај Еспањол, не се славеше само триумфот, туку и се анализираше колку тешко дојдоа до трите бода. Според „АС“, фудбалерите на каталонскиот гигант биле особено импресионирани од настапот на Карлос Ромеро.

24-годишниот лев бек, кој настапува за Еспањол како позајмен фудбалер од Вилјареал, оставил силен впечаток со својата дисциплинирана и цврста игра против Ламин Јамал, при што делувал максимално коректно. Ромеро му создаваше сериозни проблеми на младиот ас на Барса, кој во неколку наврати не успеа да го испрати неговото вклучување во напад.

Една од акциите заврши со опасен центаршут по кој Пере Миља упати удар со глава, но голманот Жоан Гарсија реагираше спектакуларно, во една од одбраните на сезоната. Во второто полувреме Ромеро повторно беше близу до погодок, овојпат со удар со внатрешната страна на десната нога, но Гарсија уште еднаш се истакна.

Тренерот на Еспањол, Маноло Гонсалес, очигледно бил свесен дека Ромеро може да биде оружје по таа страна и максимално го искористи неговиот потенцијал.


Дефанзивецот беше играчот со најмногу допири во својот тим (54), петпати ја одзеде топката и доби половина од дуелите (3 од 6).

По ова, Барселона се заинтересира за одличниот играч на Еспањол, па може да следи и обид за негова преселба на „Камп Ноу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови