Connect with us

Гнабри на лето заминува од Баерн?

Летото 2026 е далеку, но многу трансфери уште отсега се договараат. Еден од фудбалерите кој би можел да има „жешко лето“ е Серж Гнабри, еден од најдобрите играчи на Баерн, кој и оваа сезона игра одлично.


Овој 30-годишен играч има договор до крајот на сезоната и е еден од најинтересните на пазарот, а од јануари може да преговара со други клубови и да договори трансфер.


Секако, има заинтересирани клубови. Најмногу внимание привлекуваат Јувентус и Ливерпул, но се чека и одговор од Баерн.


Проблем претставува неговата висока плата. Примањата што ги има Гнабри го надминуваат она што Јувентус може да го понуди, па јасно е дека торинскиот клуб нема да може да плати 20 милиони евра по сезона колку што сега заработува Германецот.


Оваа сезона, Гнабри постигна четири гола и забележа три асистенции во Бундес-лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови