
Триумфот на Кристал Палас во финалето на ФА Купот над Манчестер Сити (1-0) претставува историски момент за клубот, прв голем трофеј и обезбедено учество во Лига Европа следната сезона. Менаџерот Оливер Гласнер по натпреварот изрази гордост и благодарност кон своите играчи и навивачи.
„Рековме пред мечот дека сакаме да напишеме сопствена историја – и успеавме. Ова е посебен ден за клубот и навивачите“, изјави Гласнер.
Победата им го донесе првиот трофеј во историјата и место во Лига Европа.
Гласнер, кој беше под притисок по катастрофалниот старт во Премиер – лигата (само три бода во првите осум меча), ја врати довербата на навивачите и создаде сплотен тим.
„Имавме тежок старт, но навивачите останаа зад нас. Сега им ја вративме довербата.“
Трофејот доаѓа во првиот целосен мандат на Гласнер како менаџер.
„Најголем успех не е трофејот, туку тоа што им го дадовме овој момент на нашите навивачи. Ова е победа за сите приврзаници на Кристал Палас“, изјави менаџерот на победникот во ФА купот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
