Connect with us

Гласнер: Оставени сме на цедило, не ми е гајле ниту дали ќе ме сменат!

Менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, беше емотивен по поразот од Сандерленд со 1-2 во натпревар од 22. коло на Премиер – лигата. Стратегот го критикуваше својот состав, откако „орлите“ веќе не забележале победа во 10 последовни натпревари во сите натпреварувања.


Гласнер го освои ФА купот минатата сезона, што му овозможи на клубот да настапува во Конференциската лига оваа сезона.

„Се чувствувам како да сме целосно оставени на цедило! Најлошото е што го продаваат нашиот капитен еден ден пред натпреварот. Досега молчев… Срцето ми беше скршено двапати оваа сезона и двапати еден ден пред натпревар – Езе и Гехи“, изјави тој.

„Кристал Палас е во ред позиција да ја заврши сезоната така – со Оливер Гласнер, со друг тренер, не знам. Не ми е гајле“, додаде Гласнер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови