Connect with us

Гласнер: Ако Сити понуди голема сума и Марк Гехи сака да замине, тоа и ќе се случи

Менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, ги коментираше шпекулациите за можна продажба на дефанзивецот Марк Гехи во зимскиот преоден рок.

„Ситуацијата е таква што договорот на Гехи истекува ова лето, и ако дојде понуда за него, ќе дојде момент кога клубот ќе мора да каже: ‘Финансиското прашање е поважно од спортското во моментот.’ Треба тоа да го прифатиме и да се обидеме да постигнеме најдобар можен резултат. Затоа секогаш велам: ‘Не знам.’ Сега работите се различни“, изјави Гласнер за „Би Би Си“.

„Ќе има одредена граница, по која клубот ќе мора да го продаде играчот… Ако фудбалерот каже ‘сакам да си одам’ и сумата е над таа граница, тоа ќе се случи. Не сум наивен – ако Сити понуди голема сума и Марк сака да замине, тоа ќе се случи“, додаде тој.

Оваа сезона 25-годишниот Марк Гехи настапи на 31 натпревар во сите натпреварувања, со три гола и четири асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови