Шкендија останува последниот македонски претставник во Европа оваа сезона. Вицепрвакот ги продолжува настапите во третото квалификациско коло од Конференциската лига против шкотскиот Хибернијан, а УЕФА веќе ги извлече и потенцијалните парови за плеј-офот.
Доколку го совлада Хибернијан, Шкендија во последната пречка пред групната фаза ќе се соочи со подобриот од двомечот меѓу шведски ИФК Гетеборг и белгиски Гент.
Првиот натпревар Шкендија би го играла на гостински терен, а одлуката за пласман ќе се носи на домашен терен во реваншот.
Натпреварите од плеј-оф фазата се закажани за 20 и 27 август.
Сепак, за реализација на овој сценарио, македонскиот претставник најпрво ќе мора успешно да го прескокне шкотскиот предизвик.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













