Домаќинот на ЕВРО 2024, селекцијата на Германија, сѐ уште не е во оптимална форма, ако се суди според вечерашниот пријателски натпревар против Украина во Нирнберг. Германците ремизираа без голови, а иако беа за нијанса подобри, сепак, не успеаја да стигнат до триумф.
Англичаните ја победија селекцијата на Босна и Херцеговина со 3-0. Кол Палмер од пенал погоди во 60.минута и донесе водство за Англичаните, а во финишот уште два гола постигнаа Трент-Александер Арнолд и Хари Кејн.
Албанија исто така беше убедлива и славеше против Лихтенштајн со 3-0. Армандо Броја во 31.минута беше стрелец на првиот гол, потоа погоди Јасир Асани во 47.минута, а серијата голови ја затвори Ернест Муци од пенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













