Англија на претстојното Светско првенство ќе ја гради својата игра околу единствениот фудбалер од светска класа во составот, Хари Кејн, смета поранешниот англиски репрезентативец и аналитичар Гери Невил.
Англичаните турнирот ќе го отворат на 17 јуни со натпревар против Хрватска, а очекувањата повторно се огромни за селекцијата предводена од Томас Тухел.
Кејн зад себе има извонредна сезона во дресот на Баерн Минхен, постигнувајќи 61 гол на 51 натпревар, со што се вбројува меѓу главните кандидати за престижната награда „Златна топка“. Сепак, неговите шанси за освојување на признанието во голема мера ќе зависат и од настапот на Англија на мундијалот.
„Тој е вистинска суперѕвезда. Англија има многу талентирани играчи, но само еден кој без дилеми може да се нарече фудбалер од светска класа, а тоа е Хари Кејн. Нападот на Тухел е целосно изграден околу него. Во тимот нема место за играчи како Фил Фоден, Кол Палмер и Морган Гибс-Вајт, бидејќи селекторот сака брзи и директни фудбалери околу Кејн. Такви се Ентони Гордон, Маркус Рашфорд и Морган Роџерс“, изјави Невил.
Тој нагласи дека целата одговорност во нападот паѓа на капитенот на Англија, но дека тоа не претставува проблем за искусниот напаѓач.
„Сè се врти околу Кејн. Тој треба да го понесе најголемиот товар, но не мислам дека чувствува притисок. Тој е неверојатно стабилен карактер, врвен професионалец и многу тешко може нешто да го исфрли од рамнотежа. Хари е вистинско богатство за оваа репрезентација“, истакна Невил.
Според него, Англија нема да игра со висок пресинг во текот на целиот натпревар, што дополнително ќе му помогне на Кејн да ја зачува свежината.
„Дури и кога ќе притискаат високо, околу него има брзи, млади и енергични фудбалери. Тој е лидерот на оваа генерација и целиот тим е поставен така што максимално да ги искористи неговите квалитети. Ако зборуваме за вистинска светска класа во последните две или три децении, Кејн без сомнение е еден од тие ретки англиски фудбалери“, заклучи Невил.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













