Connect with us

Георг Стојановски потпиша за катарскиот Лусаил

Македонскиот напаѓач Георг Стојановски ја продолжува кариерата во Катар, откако официјално потпиша тригодишен договор со Лусаил.

По успешната сезона во дресот на бугарскиот Спартак Варна, 23-годишниот офанзивец се реши за нов предизвик и во следниот период ќе настапува во катарскиот шампионат.

Стојановски остави силен впечаток минатата сезона во Бугарија, а одличната форма ја пренесе и на стартот од новото првенство, кога постигна атрактивен погодок буквално од центарот на теренот, кој привлече големо внимание во јавноста.

Пред интернационалната кариера, Стојановски настапуваше за Работнички, Тетекс и Шкупи, додека своите први фудбалски чекори ги направи во младинската академија на Вардар.

Трансферот во Лусаил претставува ново поглавје во кариерата на младиот македонски напаѓач, кој ќе има можност да се докажува на азиската сцена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови