Георг Стојановски е пред најголемиот трансфер во својата кариера. Македонскиот напаѓач наскоро би требало да стане нов фудбалер на катарскиот Лусаил, откако двете страни постигнале договор за тригодишна соработка.
До официјализацијата на трансферот останува Стојановски успешно да ги мине медицинските прегледи, по што ќе стави потпис на договорот со клубот од Катар.
Со овој потег, македонскиот интернационалец ќе го напушти Спартак Варна и ќе ја продолжи кариерата на Блискиот Исток, станувајќи втор фудбалер од бугарскиот клуб што реализира ваков трансфер во последниот период, по Ахмед Ахмедов.
Лусаил своите домашни натпревари ги игра на истоимениот стадион, еден од најимпресивните спортски објекти во светот. Токму таму во 2022 година се одигра историското финале на Светското првенство, во кое Аргентина по изведувањето пенали ја совлада Франција и ја освои светската титула.
Трансферот во Катар претставува нов исчекор во кариерата на Стојановски, кој ќе има можност да се докажува во шампионат што во последните години привлекува сè поголем број квалитетни интернационалци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













