Катарското семејство Ал Тани ја разгледува можноста за купување малцински удел во Интер, но американскиот инвестициски фонд „Оактри“ засега нема намера да се откаже од контролата врз италијанскиот клуб.
Според италијанскиот весник „Ил Месаџеро“, интерес постои, но конкретни преговори сè уште не се започнати.
„Оактри“ го презеде Интер во мај 2024 година, откако семејството Џанг не успеа да го врати кредитот добиен од американскиот фонд.
Евентуалната продажба на дел од акциите не би ја променила сопственичката структура во однос на контролата врз клубот, но на „Оактри“ би му овозможила да врати дел од вложените средства и попрецизно да ја утврди пазарната вредност на Интер.
Миланскиот клуб ја заврши последната финансиска година со приходи од 517,7 милиони евра и нето-добивка од 22,7 милиони евра, додека капиталот повторно се врати во позитивна зона.
На вредноста на клубот би можел да влијае и планираниот проект за изградба на нов стадион.
Интер во изминатите години ги прошири комерцијалните врски со Катар, вклучително и преку спонзорски партнерства, што би можело да го олесни влезот на нов инвеститор.
Семејството Ал Тани е актуелен сопственик на Пари Сен Жермен, а евентуалното вложување во Интер би претставувало нов чекор во неговото присуство во европскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













