Инвестициски фонд предводен од сопственикот на Манчестер Сити, шеикот Мансур, планира да го купи Палермо и да го врати во Серија А. Фудбалската групација на шеикот Мансур расте на сите континенти. Главниот проект е секако Манчестер Сити, но покрај „граѓаните“, тука се уште девет фудбалски клубови ширум светот. Од Њујорк, Јокохама, Мелбурн, Мумбаи, Монтевидео, Џирона, Троја, мрежата воспоставена од оваа холдинг група се проширува.

Тие сè уште не се влезени во Италија, но и тоа наскоро би можело да се промени бидејќи постои интерес за да го купат Палермо кој моментно се натпреварува во Серија Ц.
Се сеќаваме на времето кога контроверзниот Маурицио Зампарини ги менуваше тренерите како чорапи (повеќе од 40 пати), но тој секако е легенда на Палермо, го водеше во најуспешниот период во историјата од 2002 година до 2018 година.

Тоа е и еден вид „македонски“ клуб бидејќи таму настапуваа двајца македонски репрезентативци, Илија Несторовски и Александар Трајковски.
Палермо вивна врвни светски фудбалски ѕвезди како Единсон Кавани, Пауло Дибала, Хавиер Пасторе, Јосип Иличиќ, Франко Васкез или Лука Тони, а ќе го паметиме и славниот Фабрицио Миколи.
Сепак, Зампарини беше принуден да го продаде клубот во 2019 година, а потоа Палермо влезе во бројни финансиски проблеми, поради што беше исфрлен од професионалните лиги на Италија. Сега е во Серија Ц и чека, можеби да го преземе фудбалската група Сити.
Зампарини почина во февруари годинава на 80-годишна возраст.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона
Евро-фудбал
Јувентус тргна по потписот на Франк Кеси
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција













