Connect with us

„Ѓаволите“ тргнуваат по потписот на Матета

Напаѓачот на Кристал Палас, Жан-Филип Матета, е трансферна цел на Манчестер Јунајтед, јавува „Скај Спортс“. „Црвените ѓаволи“ одамна покажуваат интерес за францускиот голгетер, кој ова лето ќе влезе во последната година од својот договор.

Ова претставува добра шанса за тимот на Рубен Аморим да се засили со Матета по поволна цена.


Малку е веројатно дека ќе дојде до трансфер во јануари, но евентуален премин во летниот преоден рок не е исклучен. Секако, ова зависи и од ситуацијата со Рубен Аморим и дали тој ќе остане на менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед по завршувањето на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови